Се намалува горниот праг на висината на судската такса за физички лица, таксени обврзници при поднесување на тужба, противтужба и предлог за повторување на постапката пред суд.Наместо 48 000 денари, таксата се намалува за седум пати и ќе изнесува 6000 денари.Законот утре ќе се најде пред собраниските работни тела а откако ќе се даде зелено светло за него треба да се одлучува на пленарна седница.Целта е правдата да стане достапна за сите граѓани, да може секој да одвои од својот џеб за да го оствари своето право.
Намалување на глобите е предвидено и во Законот за заштита на укажувачи.Досегашните казни кои беа во висина од 3000 до 6000 евра за сторен прекршок на овластеното лице за прием на пријави од укажувачи се намалуваaт во распон од 100 до 500 евра. Правното лице наместо од 2000 до 4000 евра ќе плаќа глоба од 250 до 500 евра.Најголема глоба е предвидена за откривање на идентитетот на укажувачот од 5000 до 10 000 евра, додека за прекршување на должноста за доставување на полугодишни извештаи за примени пријави од укажувачи, се предлага износ од 1000 до 4000 евра.
По укинувањето од Уставниот суд на Законот за спречување и заштита од дискриминација, предлогот повторно ќе се најде пред пратениците. Законот беше укинат затоа што беше донесен без потребното мнозинство од 61 пратеник. Со него се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, видовите како и постапката за заштита и составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Јулијана Пешевска