Македонија Топ вести

Само 12 студенти запишани на македонски јазик, 5 на книжевност

Драстично опаѓа бројот на студенти кои го изучуваат македонскиот јазик и книжевноста на филолошките факултети на македонските универзитети. Kако причини се наведуваат недоволната мотивација, неможноста да се вработат, распределеноста на повеќе факултети, ниските плати на наставниците.

Само 12 студенти годинава се запишале да го изучуваат македонскиот јазик, а петмина книжевноста на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.  Интересот за студирање е мал со години наназад, а причините се бројни. Проблемот е комплексен, а меѓу факторите се вбројува и тоа што во последните години се отворија катедри за изучување на јазикот на сите универзитети, со што пазарот се презасити, а невработеноста на овие кадри се зголеми.

Деканот на Филолошкиот факултет вели дека, бројката од 12 студенти всушност е благо покачување, во споредба со лани, кога биле запишани 10 студенти, но сега е паднат интересот за книжевноста.Од катедрата се обидуваат да го зголемат интересот со стипендирање.

Дучевска, сепак, вели, намалениот број на студенти не е карактеристика само за македонскиот јазик, туку се случува на генерален план, на сите факултети и универзитети. Пад на запишаните студенти има и на другите катедри. Традиционално, најголем интерес има за англискиот јазик, каде се запишуваат по 100 до 110 студенти, но  годинава и таму се запишале 77 студенти. На катедрата за превод и толкување, на која се изучуваат и англискиот, германскиот и францускиот јазик, се запишани 35 студенти, во споредба со изминатите години, кога имало по 80-90.

Лани беше подготвен предлог-законот за македонски јазик кој стигна до јавна расправа, но не влезе во собраниска процедура поради распуштањето на Собранието, по што следеа вонредните состојби. Во него е предвидено стипендирање на студенти по македонистика во сите три циклуси, како и  вработувања или ангажирања на лектори, во сите државни и јавни установи и институции, Владата, Собранието и министерствата, па сè до локалната власт, универзитетите, научните институции, средните и основните училишта и медиумите.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубио: Мирот во Украина зависи од директна средба меѓу Трамп и Путин

Дејан Дејан

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе