Македонија Топ вести

Работната група за Скопје 2014 бара Општина Центар да ги урне Порта Македонија и споменикот Мајка Тереза

Општина Центар да не чека став од Министерството за култура и да почне со рушењето на Порта Македонија и на споменикот Мајка Тереза зашто се дивоградби, бараат од Работната група при ова министерство, формарана за ревидирање на проектот Скопје 2014. Од Работната група сметаат дека не треба да се чека став од Култура зашто тие веќе го пренеле пред Владата. Градоначалникот на Центар, Богдановиќ сепак ќе чека акт од ресорното министерство, за ништовност на објектите, за да ја продолжи постапката.

Надлежност на Општина Центар е да ги урне  Порта Македонија и започнатиот споменичен комплекс Мајка Тереза зашто се дивоградби . Не треба да чека став од Министерството за култура како владин орган, зашто ние мислењето и заклучоците за бесправно градените објекти ги пренесовме на Владата, велат од Работната група за ревидирање на проектот Скопје 2014“, формирана при ресорното министерство.

Работна група за ревидирање на „ Скопје 2014“: Изворна надлежност на Општина Центар е да ги поништи решенијата во ДУП-от кои се однесуваат на дивоградби, а доколку веќе се изградени, да ги сруши. Земјиштето треба да се врати во општа употреба, а дивоградбите подигнати на улици ја спречуваат комуникацијата на граѓаните и сообраќајот.

Владата испрати мислење до Општина Центар, во ревидираниот ДУП-Мал Ринг да се избришат маркичките за споменикот на Мајка Тереза и за Порта Македонија. Но, дополнително одговори дека не бара да се срушат, туку усогласување на ДУП-от со мислењето на Работната група.

Сега градоначалникот Богдановиќ  најави средби со надлежните, а од Култура како инвеститор, чека акт за прогласување на објектите за ништовни.

  • Само бараме конкретен акт со кој ќе се прогласи ништовност. Ние како општина не можеме да го издадеме. Работната група ни испрати мислења со кои сметаат дека некои уставни одредби се прекршени , законски одредби… Но, тоа е како мислење – Саша Богдановиќ- градоначанил на Општина Центар.

А, Градот Скопје работи на отстранување на две, од трите галии во Вардар. Според градоначалникот Шилегов, за галијата кај „Мепсо“, двата приговори од должникот се судски одбиени и се чека на одлука од Апелација. За приговорот за другата галија сеуште нема одлука од претседателот на Основниот суд Скопје 2. Шилегов се надева дека до Нова година галиите ќе бидат отстранети од коритото на реката.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе