Вести Свет

И денеска размена на артилериски оган во Нагорно Карабах

По целата линија на фронтот во самопрогласената република Нагорно Карабах и денеска продолжува размена на артилериски оган, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

– Ерменските единици за противвоздушна одбрана соборија две непријателски беспилотни летала над градот Степанакерт, изјави претставничката на Министерството за одбрана во Ереван, Шушана Степанијан.

Во исто време, азербејџанското Министерство за одбрана утрово соопшти дека ерменската артилерија го гранатира градот Тертер, кој се наоѓа на самата линија на фронтот.

Според достапни извештаи од местото на настанот, ерменската артилерија ја уништува инфраструктурата, а во нападите има и цивилни жртви.

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан изјави дека нема воено решение за конфликтот во Нагорно Карабах. Тој додаде дека се надева дека сега, кога, како што рече, не успеа да ги спроведе плановите на неговото воено раководство, Азербејџан ќе сфати дека конфликтот во Нагорно Карабах нема воено решение. Пашијан за телевизијата Русија 1 изјави дека спорот околу територијата, која прогласи независност од Азербејџан во 90-те години на минатиот век и во која Ерменците се мнозински народ, треба да се бара преку преговори под покровителство на копретседавачите на групата Минск на ОБСЕ. Сепак, тој додаде дека ваквите преговори бараат „соодветна атмосфера.

Зад затвопрени врати синоќа и Советот за безбедност на ОН одржа состанок, по што излегоа со заедничко соопштение во кое изразија загриженост за судирите што избувнаа околу Нагорно Карабах, кои се закануваат да прераснат во општа војна меѓу Ерменија и Азербејџан и остро ја осудија употребата на сила. Во соопштението на Советот за безбедност се наведува дека неговите членови го поддржуваат повикот на генералниот секретар на ОН до завојуваните страни итно да ги запрат борбите, да ги деескалираат тензиите и да се вратат на преговори без одлагање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе