Македонија Топ вести

Во ЕУ се водат интензивни разговори со Бугарија за старт на преговори со Македонија

Германија ќе направи се што може за Македонија да ги почне преговорите со Европската унија до крајот на годината, порача шефот на германската дипломатија Хајко Мас. За да се случи тоа, рече Мас, во Унијата во моментов се водат интензив разговори околу билатералните теми кои постојат меѓу Бугарија и Македонија.

„Водиме интензицни разговори во рамките на Европската унија и секако разговараме со нашите бугарски колеги за билатералните прашања кои постојат меѓу Северна Македонија и Бугарија. Секако, останува наша цел и сметам дека е достижно пред крајот на годината да и овозможиме на Северна Македонија да започне конкретни и детални преговори“, изјави Мас.

За условите на Бугарија од меморандумот, Мас смета дека тоа мора билатерлано да се реши.

„Што се однесува до јазикот, до името тоа се многу детални преговори кои што се одвиваат. Тоа се прашања кои што билатерално мора да се решат меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тие се обидуваат да изнајдат решение и тоа го поддржуваме да биде што е можно побрзо за да може да се продолжи со пристапниот процес за Северна Македонија бидејќи таа веќе долго чека на тоа. Преспанскот догововр – нешто историско беше постигнат во Северна Македонија и затоа сум оптимист дека прашањата кои што се отворени во догледно време ќе можат да бидат решени. Меѓутоа за тоа потребни се понатамошни разговори кои ќе треба да се одржуваат како на ниво на ЕУ исто така и помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, рече Мас.

За Османи пак стартот на преговорите ќе биде потврда за реформската определба на земјава.

„Покрај политичката симболика, стартот на преговорите ќе значи почеток на најобемната и најкомплексната административно – техничка операција со која досега сме се соочиле. Тоа е сериозен предизвик за целото општество, а не само за Владата, во кое ќе мора да ги подигнеме своите перформанси“, рече Османи.

Германскиот шеф на дипломатијата за претстојниот самит во рамки на Берлинскиот процес на кои домаќини се Македонија и Бугарија гледа како на можност за унапредување, пред се на економската соработка во регионот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе