Вести Македонија Топ вести

Втор неуспешен пробен училишен час – Царовска ветува надминување на проблемите

По вчерашното „паѓање“ на Националната платформа за учење на далечина и неодржаниот пробен час, дел од наставниците и професорите се одлучија денеска повторно да се обидат да стапат во контакт со своите ученици.Втор ден се тестира онлајн платформата на која основците и средношколците ќе почнат да слушаат предавање за два дена . Вчера биле најваени повеќе од 88 .000 ученици што го бутна системот . Дури и оние кои успеаа да се вклучат за кратко изгубија конекција. Министерката за образование пак денеска со став дека очекувано е во првите две недели од школската година да има проблеми со влегување во платформата .

Платформата ќе треба да биде на располагање на околу 250 илјади ученици и 26 илјади наставници. Систем инженерите , како што вчера за Телма изјави од ФИНКИ  во од ќе го решаваат креирањето на предметите и поврзувањето на учениците со предметите.Додека пак, приклучувањето на нови сервери на мрежата ќе се прави навечер кога таа нема да се користи. Освен проблемите со онлајн наставата, наставниците ќе треба да работат и повеќе од законски пропишаните 23 школски часа неделно во новата учебна година. За СОНК неприфатливо е наставниците да имаат повеќе часови од дозволеното.

За околу 40 000  ученици кои немаат компјутер , а нема да одат на класична настава, надлежните решение најдоа во 15 минутни часови кои ќе се даваат на МТВ.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе