Свет

Трамп ја именува Ејми Кони Берет за нов судија во Врховниот суд на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Ејми Кони Берет за судија на Врховниот суд на местото на неодамна починатата Рут Бадер Гинзберг. За Берет да го заземе местото во Врховниот суд прво треба да биде одобрена од Сенатот. Демократите се противат на номинацијата тврдејќи дека е преблиску до изборите и треба да се остави новиот член на Врховниот суд да биде избран од победникот на изборите. Но Трамп нема да пропушти шанса да го зголеми конзервативното мнозинство во судот.

Ако добие моќ екстремната левица ќе го наполни Врховниот суд со радикали кои ќе го укинат вториот амандман. Тоа го сакаат, да ги извадат зборовите „пред Господ“ од заклетвата за верност, да ги искорнат крстовите од јавните површини и да ги присилат даночните обврзници да финансираат екстремно доцен абортус. Тоа го сакаат, порача Трамп.

Против кандидатот на Трамп на изборите во ноември, Џо Бајден ги повика сенаторите да не го потврдуваат изборот на Берет пред изборите. Но изборот на Берет не им остава многу простор за критики без да очекуваат последици толку блиску до датумот на изборите, но и не сакаат да дозволат мнозинството на конзервативците во судот да се зголеми од 5 спрема 4 на 6 спрема 3.

Мислам дека демократите имаат причина за загриженост дека конзервативниот Врховен суд ќе делува како кочница или можеби ќе блокира некои од законите кои администрацијата на Бајден би ги поминала низ Конгресот, оценува Марк Шерман од Асошиејтед прес.

Главната забелешка на демократите е дека нема доволно време до изборите за да се потврди изборот на новиот член на Врховниот суд но освен ако не се случи чудо, тие немаат многу процедурални опции да го спречат нејзиниот избор. Според американските медиуми Белата куќа веќе започнала да ги контактира републиканските сенатори да организираат средби со кандидатот а сослушувањето пред правната комисија на Сенатот веќе е закажано за 12 октомври. Тоа може да трае најмногу 4 денови по што членовите на комисијата ќе гласаат дали да ја испратат номинацијата на гласање пред Сенатот. Таму републиканците имаат мнозинство од 53 сенатори од кои 51 се сигурни дека ќе ја подржат а лидерот на мнозинството Мич Мекконел вети дека гласањето ќе се одржи пред изборите на 3 ноември.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе