Прилепскиот суд го прифати предлогот на обвинителството и определи 30 дневен притвор за 10 дрвокрадци на возраст од 21 до 57 години, сите од Прилеп, потврдија од прилепското Обвинителство за Телма. Тие во средата физички нападнаа и повредија петмина полицајци, а еден од нив се здоби со тешки и сериозни повреди. Вчера полицијата за нив поднесе кривични пријави за напад врз службено лице, а денес се притворени.
Инцидентото се случи на стариот пат Прилеп-Велес вечерта на 24 септември околу 20 часот кога петтемина полицијци од полициското одделение во Чашка во редовна патрола сопрела за проверка три возила без регистрација, при што едното избегало. Останатите биле натоварени со огревни букови дрва, кои биле одземени од страна на полицијата. Додека траела акцијата, наишла поголема толпа граѓани, меѓу кои биле и десетте притворени. Сите се однесувале агресивно, удирале по полициското возило, а потоа ги напднале и ги удирале и полицајците. Тогаш полициските службеници испукале предупредувачки истрели во воздух, по што луѓето од толпата се повлекле, но сите петмина полицајци биле повредени, а еден кој имал сериозни и тешки повреди веднаш бил пренесен на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.
По настанот беа приведиени четворица дрвокрадци, а по истрагата поднесени се кривични пријави и определен е притвор за уште десет. Во толпата која ја нападнала полицијата имало поголем број луѓе, но засега нема информации дали се води истрага и за други лица.
Инаку инцидентот предизвика реакции и осуда за нападот на полициските службеници. Од Независниот полициски синдикат побараа заострување на казнената политика против напаѓачи на полицајци. Вчера со писмо до премиерот Заев се огласи и Советот на Европски полициски синдикати од каде го осудија нападот и побраа брзи рекации од сите релевантни институции во земјава.
Емилија Мисирлиевска