Домашна работа во електронско сандаче, дискусија во видео конференции, материјали за учење со еден клик од маусот. Училишните клупи, таблата, кредата и сунѓерот остануваат во празните училшта, а нив ќе ги заменат брзи квизови и онлајн тестови. Министерството за образование ја заврши обуката на наставниците, а деталите како се користи алатката Мајкросфот тимс ја презентираше на својата веб страница.
Над 250 илјади ученици, на пет јазици со можност од десктоп и лап топ комјутери и смарт телефони ќе бидат дел од новиот образоваен процес кој пачнува од први октомври. Од едно место ќе се предава, а ќе можат да слушаат најмногу 250 ученици во една конференција.
40.000 деца немаат електронски уреди кои што ја поддржуваат платформата, а од надлежното министерство ќе емитуваат настава на МТВ за овие ученици да не бидат исклучени од наставната програма. Детескиот џагор ќе се слуша само од основците до трето одделение, а 169 основи и само 4 средни училишта добија зелено светло сите паралелки да посетуваат редовна настана, бидејќи ги исполнуваат критериумите за почитување на мерките и препораките.
Павле Беловски