Свет

Хакерски напади од Кина, Виетнам и Русија врз унгарските финансиски институции

Унгарските финансиски институции и телекомуникациската инфраструктура пред два дена претрпеле силен кибер напад од компјутерски сервери лоцирани во Русија, Кина и Виетнам, соопшти денеска телекомуникациската компанија „Маѓар телеком“.

Институциите и инфраструктурата доживеале таканаречен DDoS напад во кој хакерите ја преплавуваат мрежата со невообичаено голем интернет сообраќај со цел да ја парализираат.

Овој напад беше 10 пати помоќен од вообичаените DDoS напади, соопшти „Маѓар Телеком“.

Ова значи дека во однос на големината и комплексноста ова беше еден од досега најголемите хакерски напади во Унгарија, додаде телекомуникациската компанија.

Нападот се случил во неколку бранови, нарушувајќи ги услугите на некои финансиски институции и нарушувајќи некои услуги на „Маѓар Телеком“ во делови од Будимпешта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Папата Лав XIV ја започна својата понтификална служба со свечена миса во Ватикан

Дејан Дејан

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе