Поранешните претседатели на Врховен Јово Вангеловски и Лидија Неделкова седнаа еден наспроти друг во судница во Кривичен суд. Вангеловски како обвинет а Неделкова како оштетена. Вангеловски се товари дека како претседател на врховен во ноември 2018 ја злоупотребил службената положба. На сите судии им доделил додаток на плата од 35 проценти освен на Неделкова и ги повредил правата и ја оштетил за речиси 32 илјади денари.
Но Вангеловски побара одложување со обрзаложение дека пред 4 дена дена го примил обвинението, немал време да подготви одбрана а не му биле доставени ниту доказите на обвинителството. Се повика на правото на одбрана и еднаквост на средствата и доби одагање за 29 октомври. Пред судот ги избегна камерите
И пред ова, Вангеловски и Недекова си поднесуваа претставки пред Судски совет и кривични пријави со обвинителството. Пријавата што Вангеловски ја поднесе против колешката, обвинителството ја отфрли.
За Вангеловски обвинителството води и предистрага за чување на судски предмети кои неговиот наследник Фаик Арслани ги пронашол во кабинетот по преземањето на функцијата. Од обвинителството посочуваат дека 7 месеци чека податоци од Врховен и од Судски совет за конкретните предмети.
По барањата доставени кон крајот на февруари се уште се постапува, а надлежниот обвинител испрати и ургенција за постапување до соодветните институции. Доколку притоа биде утврдено дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности.
Претседателот на Врховен Фаик Арслани за Телма вели дека сите податоци што требало веќе ги доставиле до Судски совет, а ако обвинителството смета дека им се потребни дополнителни можат да изврши увид во предметите во Судот.
Пред една година Судскиот совет го разреши Вангеловски од судиската функција поради укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан.
Елена Ивановска Мукоска