Чичко си го врзал својот внук кој бил дете со посебни потреби со внатрешна гума од мопед за стебло од дрво, наместо да се грижи за него.
Тоа било заробено бидејќи гумата му била обвиткана околу стапалото, не можело да се ослободи па кога неговата 5 годишна сестричката се обидела да му даде вода на детето, чичкото ја претепал и неа удирајќи ја по лицето и нозете. Ова се случувало во двор на семејна куќа во Скопје на 28 јуни годинава, додека мајката на двете деца не била во домот.
Таа го замолила 46 годишниот чичко да ги причува децата и тој ја прифатил оваа обврска пишува во соопштението од јавното обвинителство.
Но наместо да ги надгледува тој се изживувал врз нив а случаен минувач го забележал настанот и пријавил во полиција.
Сега обвинителството поднесе обвинение за кривично дело Запуштање и малтретирање на дете.
Во исто време центарот за социјални грижи започнал истрага за случајот и ќе поднесе пријава за да им се одземе родителското право на родителите.
“Тим од центарот постапи по пријава и децата се сместени во згрижувачко семејство. Беа превземени постапки за права од социјална заштита бидејќи поголемото дете кое е со пречки во развој беше без документација, по што следуваа прегледи, утврдена е дијагноза и по ова тие ги остваруваат права кои им следуваат. Радува тоа што во згрижувачкото семејство нивната состојба е видно променета на подобро” – соопшти центарот за социјални работи во Скопје.
Инаку чичкото веќе е во притвор па со поднесувањето на обвинението е побарано да му биде продолжен поради опасност да побегне или да се сокрие, но и поради тоа што е близок роднина кој има постојани контакти со оштетените постои реална опасност да го повтори делото доколку се брани од слобода, се вели во соопштението на обвинителстовто.
Инаку децата сега се дадени во згрижувачко семејство, а е одземено родителското право на родителите.
Билјана Николовска