Македонија Топ вести

Затворени сообраќајници во Скопје денеска и утре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре ќе се одржи меѓународна спортска манифестација –„ФИС ролер ски куп Скопје“ во организација на град Скопје, Агенција за млади и спорт, Скијачка федерација на Република Северна Македонија, Клуб за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии “ од Скопје и „Мунте“ – Карпош.

За таа цел Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР во периодот од 08.45 до 10.45 часот, ќе преземе мерки за посебен режим со траса на движење од ул.„Тодор Александров“ пред ОУ „Кочо Рацин“, право по локалниот пат до паркингот кај Средно Водно и понатаму се до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон- с. Горно Нерези во Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Почнува со работа „One Stop“ системот на граничниот премин Табановце

Дејан Дејан

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе