Економија Топ вести

Битиќи ретерира: Ќе се бара заедничко решение за етничките вработувања со државни пари во приватниот сектор

Вицепремиерот задолжен за економијата Фатмир Битиќи за само четири денови омекна во ставот околу државните субвенции за етнички вработувања и во приватниот сектор. Ако првично контрираше на првиот заменик на премиерто Артан Груби и се изјасни дека е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа, денеска вели ќе седнеме ќе се договориме.

Мислам дека имаше и јасен став и од премиерот на Владата дека ние остануваме отворени кон секое едно прашање. Секое едно прашање заслужува одговор, но заедничкото решение ќе го најдеме на масата во Владата. И да почекаме на исходот, да видиме што се идеите на сите страни, на крај да ги прашаме стопанските комори, да ги прашаме синдикатите, да ги прашаме самите граѓани што мислат околу тоа прашање и да видиме кое е решението, изјави Битиќи.

Но само пред неколку денови прашан за истото Битиќи изјави:

Секој еден граѓанин кај нас е еднаков и добива еднакви можности и еднаков третман. И навистина мислам дека е неблагодарно да целиме да денарите парите кои што ги даваме се делат по етничка основа, изјави тогаш Битиќи.

И додека во најава е вработување со државни пари по етнички клуч и во приватниот сектор, Вицепремиерот смета дека е прерано за епилог за 1.300-те рамковни вработени во институциите кои со години седат дома и земаат плата. Вели Министерствата за политички систем и за администрација веќе креираат план за нивно распоредување.

Не знам каде го видовме расфрлањето со народни пари, но после 22 дена на формирање на владата да бараме кој е епилогот со 1.300 вработени кои што треба да завршат некаде каде што треба да завршат да бараме вакви прашања мислам дека е прерано, изјави Битиќи.

Битиќи не одговори дали, колку лица и колку пари би го чинела Буџетот за идната година, мерката за вработување по етнички клуч и во приватниот сектор доколку падне договор меѓу коалиционите партнери во Владата.

Идејата која ја промовираше Груби, ја поддржа Бектеши, ја надгради Касами од Беса кој побара двојазичност и во приватниот сектор бидејќи дел од дипломираните Албанци не говореле македонски, наиде на жестоки реакции во јавноста.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе