Македонија Најважни

Филипче: Се разгледуваат нови можни мерки против Ковид 19

Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од Ковид 19 кој е во пораст.

– Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените  се должи на непочитување на мерките, пред се групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните, кои очигледно заброваија на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Зад нас е летото и стабилниот период, ризиокот што го носи есента е сериозен, рече Филипче.

Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите.

– Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спровеудвање на мерките интензивно ќе работат, потецира министерот.

Тој оцени дека апсослутно е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитиваат мерките, недозволиво е и во бизнисот, а особено во угостителсството.

Филипче најави дека во тек се анализи за воведување нови мерки, а целта е како што рече навремено да се воведат мерки што директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот, а целта е да се избегнат рестрикции и закочување на економијата и нешто што би не затовриле во домовите, но, потенцира дека доколку е нужно и тоа ќе се направи.

Министерот наведе дека меѓу мерките што се разгледува носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бојот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено, во односна бројот на посетители, дистанца на седење и евентуално намалување на капацитетот на објектите.

Филипче порача да се почитуваат мерките за да не ги преполниме болниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе