Македонија Топ вести

Сведок во ,,Титаник”: Над 500 лица во Кичево донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ

Од 90-тите години сум член на ВМРО-ДПМНЕ, и секогаш сум донирал парични средства во партијата, изјави сведокот Наќо Николовски од Кичево, во случајот ,,Титаник”, наведувајќи дека тоа го има направено во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, но не во банка.

– Никогаш не сум уплатил во банка во име на партијата, меѓутоа секој месец сум донирал во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, во ОК-Кичево. Највисок што сум го донирал беше 20 илјади денари во 2011 година пред изборите, а пред тоа сум плаќал членарина од две-три илјади денари. До моментот кога бев повикан во СЈО, не знаев дека во мое име е исплатен износ од 60 илјади денари. Уплатницата ја видов при распитот и потписот не беше мој, рече сведокот Николовски.

На прашање на обвинетиот Илија Димовски, дали бројот на лица кој плаќале членарина го надминува бројот 500, тој наведе дека бројот бил поголем и дека ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кичево, потоа парите ги уплатиле во банка во име на партијата.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу главните обвинети за овој случај се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, поранешниот пратеник Илија Димовски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите се осомничена за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе