Македонија Најважни

За задолжителна маска и на отворено размислува Комисијата за заразни болести

здравствените власти за да се намали ширењето на Ковид-19. Освен задолжително носење на маска и на отворено, се размислува и за ограничување на број на лица за групирање воошшто, казни за семејни прослави, намалување на капацитетот на јавиот превоз, како и намалување на бројот на маси во рестораните, дистанцата и протоколите за нивната работа.

„До кога би чекале за такво нешто:

Засега нема потреба никаде на територијата на државата, но тоа се мерките кои би ги имплементирале ако се оцени дека во било кој регион или општина трансмисијата е неконтролирана, односно треба да се воведе некаква рестрикција“, вели Филипче.

Од страна на Комисијата за заразни болести дадена е и препорака за измена и на протоколот за одржување на настани со целосна забрана за настани со стоење, додека за настани на отворен простор капацитетот за седење би бил 50 проценти, а во затворен простор 30 проценти.

Сепак доколку состојбата продолжи да се влошува, министерот за здравство Венко Филипче, вели дека не е исклучено и враќање на рестриктивните мерки со забрани за движење.

За овие мерки се размислува откако бројките со коронавирусот почнаа да растат во септември, за што Филипче, рече дека состојбата се влошува, најмногу поради непочитување на мерките кои се во моментов на сила.

„Во однос на процентот на позитивни од тестирани, после пикот на 27 јуни кога истиот изнесуваше 22,3 проценти, почна да опаѓа па во средината на август процентот е под 10, за да на 6 септември тој процент изнесува 5,2, од 16 септември процентот е над 10, а на 19 септември сме регистрирале 12,1 процент позитивни од вкупниот број на направени тестови“, информираше Филипче.

Денеска пак се регистрирани 88 нови случи, од 1.618 тестирања и тоа: во Скопје 45, Прилеп и Струмица по 7, Тетово 6, Куманово 4, Струга, Охрид и Кочани по 3, Битола, Кичево и Крива Палнака 2, Гостивар, Штип, Македонски Брод, Виница по 1. Денешната статистика брои и нови пет смртни случи како последица на коронавирусот и тоа пациент од Тетово на 53 години, пациент од Прилеп на 57 години, како и 60-годишни пациенти, од Гостивар, Струга и Битола.

Анализата зошто е висока смртноста на заболени со Ковид-19 во земјава се уште не е готова и како што рече Филипче таа е почната да се работи, но очекува да биде готова идната недела.

И додека се размислува за воведување на нови мерки поради влошување на состојбата со коронавирусот, од утре на работа се враќаат хронично болните и мајките кои користат продолжено породилно отсуство. Нема промена ни во одлуката и децата до трето одделение да седнат во училишните клупи на 1 октомври.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе