Свет Топ вести

Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата

Група големи глобални компании денеска ги повикаа владите ширум светот итно да усвојат мерки за запирање на забрзаното уништување на природата и климатските промени и со тоа да се постават рамки за нивната „позелена“ деловна активност, пренесува Хина.

Повеќе од 560 компании, вклучувајќи ги Валмарт, Ситигруп, Мајкрософт, ИКЕА, Унилевер и АХА потпишаа заеднилко соопштение со кое повикуваат на преземање конкретни мерки во следните десет години.

Британскиите медиуми појаснуваат дека нивните приходи заедно надминуваат 4.000 милијарди долари.

Компаниите во соопштението велат дека многу од нив веќе преземаат чекори да го направат својот бизнис „позелен“ и владите треба да создадат мерки што ќе им овозможат да сторат уште повеќе.

„Здравите општества, еластичните економии и успешните компании се базираат на природата. Владите не смеат да се двоумат ни за момент, туку мора веднаш да усвојат мерки за промена на трендот на уништување на природата во оваа деценија“, се наведува во соопштението на компаниите.

Апелот е упатен во пресрет на самитот на Обединетите нации за биодиверзитет, на кој на 30 септември во Њујорк треба да се подготви теренот за нов глобален пакт за заштита на природата од заканите, како што се страшните пожари во Амазон и Калифорнија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе