Македонија Топ вести

Шест лица повредени во сообраќајка во Тетово

Поради неодговорно возење вчерашната сообраќајна незгода во Тетово заврши со 6 повредени лица. Според неофицијални извори, односно од лица кои биле сведоци на сообраќајката во која се судрија три возила, еден од возачите возел цик-цак. Притоа девојче на возраст од 16 години со потешки повреди, заедно со уште едно повредено лице, се пренесени на скопските клиники.

Сообраќајката се случила нешто пред 19 часот на улицата „Илинденска“, а во неа учествувале три возила со тетовски регистерски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 16 годишно девојче, сопатничка во возилото опел корса. Таа е пренесена во Тетовска клиничка болнница, каде и е укажана прва помош, по што поради сериозните повреди е однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачите на „опел корса“ и „бмв“, како и вкупно три други сопатнички од тие две возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово велат дека подрва ќе се утвдуваат причините за незгодата и околностите поради кои се случила, откако на местото бил извршен увид по овластување на јавен обвинител.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе