Вести Ковид19 Свет

Чешкиот министер за здравство поднесе оставка заради пандемијата

Соочени со зголемувањето на бројот нови случаи корона вирус, како и порастот на смртните случаи, шпанските власти воведоа денеска рестрикции на движењето и активностите во Мадрид, во обид да се справат со лошиот тренд на пандемијата.

Ограничувањата ќе опфатат повеќе од 860 000 луѓе кои нема да можат да ги напуштат своите домови, освен за суштински причини како одењето на работа или на лекар.

 Нашата компанија ни кажа дека ова нема да се однесува на нас, ни дадоа специјална дозвола и ќе работиме нормално. Поинаква ќе биде работата за вечерните часови, ќе мора да останеме во хотелот и тоа е се, вели Серџо Онате.

Затворени се и парковите а рестораните мора да го ограничат бројот на гости кои ги опслужуваат на 50% од капацитетот.

Властите во Мадрид се обидуваат да ја избегне експлозијата на вториот бран коронавирус, кој досега однесе најмалку 30 000 животи во Шпанија. Уште една европска држава која се соочува со критичен пораст на бројот нови случаи коронавирус е Чешката република, која иако добро се справи со првиот бран од пандемијата, сега регистрира рекордно зголемување на инфекциите.

Здравствената криза предизвика и политички последици – оставка на министерот за здравство.

 По внимателното анализирање на актуелната ситуација, одлучив да поднесам оставка како министер за здравство на Чешка. Јас веќе му ја предадов оставкна на Премиерот. Сакам да направам простор за справување со пандемијата коронавирус, која секако уште подолго време ќе биде со нас, соопшти минисерот за здравство на чешка. Адам Војтех.

 

Мерки за намалување на последиците од пандемијата оваа недела се очекува да воведе и Обединетото Кралство.

Главните медицински и научни советници на британскиот премиер, професорот Крис Вити и Сер Патрик Валанс денеска објавија и остро предупредување за тоа што ја очекува Велика Британија доколку актуелната  стапка на ширење на инфекциите не биде запрена.

Епидемијата двојно се зголемува, на отприлика секои 7 дена. Можеби малку подолго или покусо, но отприлика на секои 7 дена. Ако и тоа е големо “ако”, но ако овој тренд продолжи без промена, двојно зголемување на заразените на секои 7 дена. До средината на октомври, ако ова продолжи, ќе се соочиме со околу 50 000 случаи дневно до средината на тој месец, изјави  Сер Патрик Валанс, главен научен советник на владата.

Британските експерти оценија и дека нема никакви докази дека коронавирусот изгубил дел од својата сила а наредните 6 месеци се од клучно значење за контролирање на пандемијата.

Рестрикции во работата на кафе баровите и ограничување на јавните собири се воведува и во Холандија  а минатата недела ограничување беа воведени и во Исланд, Данска и делови од Франција.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 15.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе