Ковид19 Свет

Рестрикции на движењето во Мадрид, чешкиот министер за здравство поднесе оставка заради пандемијата

Соочени со зголемувањето на бројот нови случаи корона вирус, како и порастот на смртните случаи, шпанските власти воведоа денеска рестрикции на движењето и активностите во Мадрид, во обид да се справат со лошиот тренд на пандемијата.

Ограничувањата ќе опфатат повеќе од 860.000 луѓе кои нема да можат да ги напуштат своите домови, освен за суштински причини како одењето на работа или на лекар.

Нашата компанија ни кажа дека ова нема да се однесува на нас, ни дадоа специјална дозвола и ќе работиме нормално. Поинаква ќе биде работата за вечерните часови, ќе мора да останеме во хотелот и тоа е се, вели Серџо Онате од мадрид.

Затворени се и парковите а рестораните мора да го ограничат бројот на гости кои ги опслужуваат на 50% од капацитетот.

Вчера попладне, промената започна да се приметува а денеска ништо нема да правиме. Луѓето добро го прифаќаат, тие го разбираат но и се плашат, вели Раул Хернандез, вработен во кафуле.

Властите во Мадрид се обидуваат да ја избегне експлозијата на вториот бран коронавирус, кој досега однесе најмалку 30.000 животи во Шпанија. Стапката на пренос на вирусот во главниот град на државата е повеќе од двојно поголема од националниот просек, кој веќе е највисок во Европа.

Уште една европска држава која се соочува со критичен пораст на бројот нови случаи коронавирус е Чешката република, која иако добро се справи со првиот бран од пандемијата, сега регистрира рекордно зголемување на инфекциите.

Здравствената криза предизвика и политички последици – оставка на министерот за здравство.

Добро утро дами и господа. По внимателното анализирање на актуелната ситуација, одлучив да поднесам оставка како министер за здравство на Чешка. Јас веќе му ја предадов оставкна на Премиерот. Сакам да направам простор за справување со пандемијата коронавирус, која секако уште подолго време ќе биде со нас, рече министерот адам војтех.

Бројот на нови случаи во Чешка дневно е над 3.000 , речиси идентичен како во март. Во државата досега се регистирани над 49.000 случаи и повеќе од 500 –тини жртви.

Рестрикции во работата на кафе баровите и ограничување на јавните собири се воведува и во Холандија  а минатата недела ограничување беа воведени и во Исланд, Данска и делови од Франција.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе