Ковид19 Свет

Дополнителни рестриктивни мерки во поширокиот регион на Атина

Од денеска стапија во сила новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што ќе важат во следните 14 дена, а се однесуваат на бројот на лица на јавни и приватни собири, како и на промени во начинот на работата на вработените во приватниот и државниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, како што во петокот соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, од денеска до 4 октомври, дозволено е собирање на најмногу девет лица на отворено и затворено, на свадбите, крштенките и погребите не смее да има над 20 лица, се откажуваат сите концерти и кино проекции во затворени сали, додека пак за 40 отсто од вработените во приватниот и јавниот сектор, онаму каде што е изводливо, задолжително е работење на далечина.

Се воведува и флексибилност во пристигнувањето и заминувањето од работа за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, односно почетокот и крајот на работното време да не биде во исто време за сите.

Мерките се донесени поради тоа што од повеќе од половина од активните случаи во Грција, се во поширокиот дел на Атина.

Надлежниот министер упати препораката до оние што се над 65 години или припаѓаат на ранливите категории е во следните 14 дена да ги ограничат движењата, да избегнуваат користење на јавен превози, да избегнуваат контакти со други луѓе.

Паралелно, седум основни и средни училишта во различни делови на Грција се целосно затворени поради појава на случај на Ковид-19, а во 31 училиште, откажана е наставата за одредени одделенија или класови.

Согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, од почетокот на епидемијата заклучно со вчера,  во Грција се регистрирани се 15.142 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 338 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

Орбан ја повика Урсула фон дер Лајен да поднесе оставка

Дејан Дејан

Трамп со жестока критика на Путин и продолжување на помошта за Украина – Москва одговори со досега најжестоките напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе