Македонија Топ вести

Средба на највисоко ниво меѓу Македонија и Бугарија, датумот се разговара

Средба на највисоко политичко ниво договориле министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија за затворање на прашањата кои не се опфатени со Договорот за добрососедство. Иако временската рамка за тоа е кратка, од околу еден месец, шефот на дипломатијата, Бујар Османи, е убеден дека ќе се најде решение. На средбата за која се уште не е утврден терминот македонската страна ќе се обиде да ја убеди Бугарија да се врати во рамките на Договор за добрососедство, кој како што вели Османи, не ги вклучува идентитетските прашања.

„Не се случува ништо вонредно во односите освен што треба да се менаџираат ваквите отстапувања од Рамката која што е потпишана. Планот е точно предвиден и запишан во Договорот со Бугарија – во тој план во Ченот 2 пишува дека Република Бугарија ќе ја поддржи евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија и ние ќе настојуваме да се почитува тој план, односно да се почитува тој Договор“, вели Османи.

За Османи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување и се затворени и потврдени со Преспанскиот договор, депониран во ОН. Османи иако кажа дека и го пренел на бугарската колешка своето жалење за меморандумот, не откри каков одговор добил од Захариева на тоа, освен дека треба да ја интензивираат комуникацијата.

Освен на политичко ниво Османи очекува интензивирање и на работата на Комисијата за историски прашања со Бугарија, но без мешање на политиката.

„Сум оптимист верувам во стручниот и научниот капацитете на нашите историчари да изнајадат заеднички текст во тој дел“, вели Османи.

Вицепремиерот за европски прашања. Никола Димитров. пак утре во Брисел, камо што најави, во пресрет на дефинирањето на преговарачката рамка за земјав, освен со претставници на Европската комисија, ќе се сретне и со државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе