Црните облаци од оџакот на Поликлиниката Чаир се минато. Оваа зима болницата ќе се грее на плин. Оваа здравствена установа која досега се греше на мазут и беше еден од најголемите загадувачи во тој дел од Скопје сега доби систем кој нема да загадува. Проектот чини 17 милиони денари.
Поставени се панели на покривот кои ќе се користат да се загрее водата во бојлерите и посебен резервоар за пропан бутан, кој е нафтен дериват, со што ќе се грее болницата во зимските периоди. Во иднина се планира приклучување кон централната гасоводна мрежа.