Ковид19 Најважни Свет

СЗО: Ковид-19 се шири со невидена брзина со наближување на зимата

Светската здравствена организација предупреди дека Ковид-19 се шири со алармантно висока брзина во делови на северната хемисфера, неколку месеци пред зимската сезона на грип.

Почнуваме да гледаме вознемирувачки трендови во некои држави. Гледаме зголемување на бројот на луѓе примени во болници, оние кои се примени на интензивна нега, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои држави во САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип се уште не е почната. Во неколку земји, расте бројот на примени лица во болница на возраст меѓу 15 и 49 години заразени со Ковид-19, изјави Марија ван Керхов, водечки технички експерт за Ковид-19 при СЗО, на презентацијата преку социјалните мрежи.

Велика Британија регистрираше речиси  4.000 новопотврдени случаи на инфекција со коронавирусот, најмногу во еден ден од мај, и поради тоа расте загриженоста дека земјата е на раб на второт бран на епидемијата.

Мајк Рајан, раководител на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација, ги советуваше луѓето со висок ризик да заболат од Ковид-19, да се вакцинираат против грип.

Директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд од друга страна рече дека носењето заштитни маски може да обезбеди подобра заштита од Ковид-19 отколку вакцините.

Можеби би отишол дотаму да кажам дека оваа маска ќе ми гарантира поголема заштита од коронавирусот отколку ако би биле вакцинирани против Ковид, бидејќи имуногеноста би била 70 проценти, и ако не добијам имунолошка реакција, вакцината нема да ме заштити. Оваа маска ќе ме заштити, нагласи Редфилд во Сенатот, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека американските граѓани се уште не носат маски на ниво што ефикасно би ја ставило епидемијата под контрола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе