Македонија

Еколошка хаварија во Македонска Каменица, се излеа јаловина од рудникот Саса

Еколошка хаварија утрово се случи во рударскиот град Македонска Каменица. Јаловина или отпадната вода од производството на олово-цинков концентрат, која се слева во хидројаловиштето или рударското езеро истече по течението на Каменичка река.

Според проценките на жителите и риболовците излеани се околу 3.000 метри кубни јаловина, кои потоа одат во езерото Калиманци, од каде се наводнуваат сите полиња на источниот регион, а од реката Брегалница вода за пиење добиваат неколку општини од овој регион.

Први кои реагираа беа спортоските риболовци од здружението Шаран, кои веднаш зеле мостри од реката.

Претседателот вели дека досега немаат регистрирано помор на риба, а нивни членови ја следат состојбата во езерото. Од рудникот Саса велат дека инцидентот со јаловиштето се случи рано утринава, а причината биле дефект на насипот на јаловиштото. Инспектори и универзитетски професори се на увид, а општианта веднаш побарала да се санира коритото на Каменичка река.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два автомобила со материјали и полициска придружба – транспорт на предметот за пожарот во „Пулс“ на пат од Кочани кон Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Политиката на свиткана кичма, на предавства и лесно потпишување на договори нè доведе во оваа ситуација

Дејан Дејан

АХВ со остри реакции на изјавите на градоначалникот на Струмица поврзан со квалитетот на вода за пиење

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе