Вести Македонија Најважни

Заев: Верувам дека утре ќе можам да ги соопштам кандидатите за заменици министри

Постапката за утврдување на имињата на кандидатите за заменици министри е во тек, изјави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на Куманово, каде присуствуваше на отворањето на нова индустриска зона.

– Јас сум подготвен утре-задутре да ги доставам имињата на предлозите за заменици министри до Собранието, а Собранието веројатно по 20 септември ќе го стави на дневен ред нивниот избор, истакна Заев.

Според него, услов за избор на замениците министри е Собранието да ги оформи своите помошни тела за да може да функционира, како и да се верификува мандатот на новата пратеничка која ќе го заземе местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Тој соопшти и дека бил информиран оти пратеникот на ДУИ, Арбен Зибери, кој беше болен од Ковид-19, од изутринава е вратен на работа.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев потенцира дека во моментов не може да ги соопшти имињата на заменици теминистри, затоа што со коалициските партнери се уште ги нема утврдено сите кандидати.

– Се уште правам интервјуа со кандидатите, разговарам со нив како потенцијални заменици министри. Верувам дека ќе завршам до утре, за да можам да им ги соопштам на јавноста и да ги доставам до Парламентот, истакна премиерот Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 15.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе