Станари од зграда на улица „Илинденска“ во Гостивар десетина години се влечат низ институционални лавиринти, обидувајќи се да го откупат дворното место.
Откако во 2009 година беше донесен Законот, тие не можат да си го остварат правото поради заплеткани процедури.
Откако дворот не ни бил внесен во урбанистичкиот план, станарите платиле да се направи геодетски елаборат.
Комплетната документација за приватизација ја поднеле, но предметот го оспорува правно лице, кое нема сопственост во зградата, а има корисничко право.
Според станарите решенијата кои ги добиваат немаат логични образложенија, па бараат надлежните да најдат начин за да можат да го откупат дворното место, бидејќи низ годините се соочуваат со секојдневни проблеми како узурпација на просторот, блокирање со паркирани возила и слично.
Од одделението за имотно-правни работи во Гостивар, кое ги води предметите за откуп на дворови, рекоа дека не можат да донесат решение за приватизација, се додека не биде избришано заостанатото корисничко право од катастар.
Данијела Билбилоска