Веста за убиството во гостиварската населба Бањешница денес ги потресе жителите на Гостивар. Жена на возраст од 60 години е пронајдена мртва во нејзиниот дом.
Осомничен за стореното кривично дело е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого жртвата подолго време имала нарушени односи.
Според првичните сознанија осомничениот ја нападнал оштетената, па со употреба на секира и нож и нанел повеќе убодни рани по телото. Случајот во СВР Тетово го пријавил синот.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во координација со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи, извршиле увид на местото каде е пронајдено тело на жена лишена од живот.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Даниела Билбилоска