Македонија Топ вести

ВМРО ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум

-ВМРО ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум. Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих. Воедно ВМРО ДПМНЕ ги осудува и случаите кога се врши политичко судски прогон врз новинари кои се критички настроени кон носителите на јавни функции, како и притисоците врз медиуми, соопштуваат од партијата.

Инаку, новинската екипа на Ал Џезеира Балканс била нападната за време на протестот против поскапувањето на струјата во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој попладнево се одржуваше во центарот на Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе