Македонија Најважни

Продолжи уривањето на објектот пред „Мавровка“

Полиција го обезбедува теренот додека багери втор ден го уриваат објектот пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

Иако доби решение за уривање, кривична пријава за бесправно градење, а по него се трагаше со месеци, вчера за прв пат во јавноста се појави и сопственикот. 34- годишниот скопјанец, сопственик на парцелата и кафулето „Фонтана“ ќе каже дека не градел објект туку уредно доставил план за обнување на изгорениот локал според членот 76 од законот за градба, а за таа цел изготвил проект, а платил и комуналии на општината и градот во висина од 4,7 со појаснување дека за обнова на објектот нема потреба од дозвола за градба. За оваа парцела тој има елаборат и објектот е легализиран како деловен објект, статус што го имало кафулето пред да биде запалено пролетва и да изгори до темел.

Наместо општина Чаир која во два наврати не успеа да најде фирма која ќе руши, владата го овласти јавното претпријатие „Македонија пат“ на синоќешната прва седница по изборот во собранието, одлука соопштена од премирот Зоран Заев, на што  се спротистави Алити и му порача да помага и руши во Охрид, а уривањето го спореди со она на минатата власт и уривањето на станбениот комплекс „Космос“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе