Македонија Топ вести

Дилеми за начинот на кој ќе се одвива наставата во училиштата

Некои ученици ќе учат онлајн –други ќе се вратат на класичната настава која им беше прекината во март месец поради пандемија, наставниците без разлика на изборот на родителите и училиштата сепак секој ден ќе мора да предаваат во училница.

Ама сите ќе одговараат и ќе бидат оценувани во школо. Вака , отприлика изгледа дел од новиот план за учебната година, кој ги збуни и учениците,  нивните родители и наставниците.

Сепак со многу прашалници ќе мораат до 10-ти септември да одлучат како ќе ја организираат наставата.

Досегашните анкети и истражувања и на училиштата и на МОН покажале дека повеќето се за класична настава, а мал е процентот на оние кои сакаат он – лајн  учење.

Проблемите со интернет, немањето компјутери се пресликуваат и пред стартот на оваа година.

Дури 10 проценти од учениците немаа услови за ваква настава.

Таков пример има во училиштето „Аврам Писевски“ во Бардовци , каде што основци од социјално загрозени семејства немаат комјутер за да можат да учат од дома .

Овој проблем, велат од МОН ќе се реши со тоа што ќе се испечатат предавањата и ќе им бидат дадени на учениците.

Инаку протоколите за настава беа донесени минатата недела, планот за школската година во корона пандемија помина на Влада вчера на 1 септември, кога да немаше епидемија на КОВИД -19 учениците ќе се вратеа на училиште.

Па, така продолжениот распуст  од еден месец, група на средношколците го искористија да се забавуваат во скопско кафуле во трговскиот центар  Бисер , без маски  и без дистанца, спротивно на протоколите за заштита од вирусот и оние кои ќе треба да ги почитуваат кога ќе почнаат на школо.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе