Македонија Топ вести

Градинките можат да почнат со работа во септември, училиштата ќе се отворат месец подоцна

Под посебни ковид- протоколи , градинките кои веќе половина година се со клуч на врата, ќе можат да почнат со работа од септември, најави денеска министерот Филипче.

Директорите на градинките подготвиле проткол според кој во една група би имало 15 деца, задолжително мерење на температура, посебни постелнини за секое дете, раздалеченост меѓу креветите и други правила кои ќе треба да ги применат градинките.

На овие протоколи веќе неколку месеци се работи, но за  децата да се вратат назад во градинките, потребна е одлука од Владата.

За основците и средношколците школската година ќе почне на први октомври. Најмладите од прво до третто оделение дел ќе одат на училиште , а останатите ќе учат он – лајн.

Истото правило важи и за оние од повисоките одделение. За средношколците исто така се разгледува опцијата за комбинирана настава.

Филипче вели дека предвид биле земени и модели од други земји.

Тој додава и дека надлежните сакаат децата постепено да се вратат на училиште за да се избегне училиштата да станат нови ковид – жаришта .

Од СЗО предупредуваат дека новата  учебна година може да претставува дополнителна опасност за ширење на КОВИД – 19, затоа постојат бројни докази дека младите луѓе се најчести преносители.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе