Вести Македонија Топ вести

Протоколот – предизвик за училиштата

Протоколите за насатава во новата школска година стигнаа во училиштата. Перосналот уште денеска ги засука ракавите , па од утрово основните училиште наголемо се спремаат за образование во ек на корона пандемија. Се чистат дворовите, се дезинфицира објектите бо училишните зграда, а на самиот главен влез залепени се постери како подсетник ученците и наставниците да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.

Новина е и изгледот на училниците. Во една просторија моќже да има најмногу до 20 ученика, училната редовно да се проветрува.  Второоделенците и третооделенците за кои родителите дадоа согласност да одат на училиште ќе седаат секој, сам на клупа. Маски на лицето ќе мора да носат цело време, храна да носат од дома . Распоредот на клупите за најмладите е поинаков.

Инаку ,Телма го посети едно од најголемите основни училишта во о. Карпош – Вера Циривири Трена. Таму повеќето родители се изјасниле нивните деца да следат настава со физичко присуство. Помал број пак ќе слушаат лекции и предавања од дома.

Слични се протоколите и за средните училишта, иако за средношколците беше кажано дека ќе учат он – лајн . Сепак , вечера беше одлучено дека ќе се формира работна група од МОН и владини претсавници кои ќе ги разгледуваат барањата на диреторите на средни училишта кои ќе сакаат да спроведат настав а со физичко прсуство. Едно од тие училишта е и скопската Гимназија Орце Николов , во која учат над 1000 ученици. Но, освен тие периодов одржале обука за да ги спремат професорите за он – лајн настава.

 Според протоколите, наставниците ќе мора да се вратат на своите работни места , училиштатта ќе работат од 7 до 20 нчасот , учениците на училиште ќе си одат и ќе доаѓаат сами , помалите само со родител, забранети ќе бидат групиња, ужина ќе носат од дома , школите неко9лку пати во денот ќе се дезинфицираат и ќе се влегува од повеќе влезови. А, за може и официјално да се знае дали ѕвончето ќе заѕвони , или ќе се вклучат компјутерите на 1 октомври се зависи од законските измени на законите за основно и оној за средно образование.

Теодороа Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе