Вести Македонија Топ вести

Празнувањата на Голема Богородица и Св.Јоаким Осоговски со мерки за заштита од Ковид-19

На ден пред празнувањето на Голема Богородица во Крива Паланка и манастирот Св.Јоаким Осоговски, како и на празникот на патронот на манастирот, задутре на 29 август, Општина Крива Паланка во соработка со МПЦ-ОА, Кумановско-Осоговска епархија презема превентивни мерки за заштита од ширење на болеста COVID-19.

-Ги информираме сите граѓани, сопственици на угостителските објекти, како и другите стопанственици,  дека годинава, поради новонастаната ситуација на пандемија од Ковид-19, нема да се спроведе праксата што се применуваше во сите изминати години и нема да биде дозволено поставување продажни штандови,  како во урбаниот дел на градот, така и во близина на манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“. Исто така, нема да има ниту продолжување на работното време на угостителските објекти и нивните сопственици се должни да го почитуваат досегашното работно време, до  еден часот, како  и да се придржуваат на досегашниот протокол за работа, информира службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Празничната вечерна и утринска богослужба со света архиерејска литуρгија,  како и сите други верски обичаи, за сите верници и посетители во манастирот ќе се одвиваат по одреден редослед, со запазување на мерките за заштита од Ковид-19, носење заштитна маска и одржување физичка дистанца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе