Македонија Топ вести

Двајца заканувачи на поранешната пратеничка Весна Дамчевска Илиевска во полиција

Весна Дамчевска Илиевска, член на Иницијативниот одбор кој деновиве повикува на свикување вонреден конгрес на ВМРО – ДПМНЕ, во полиција пријавила закани и како што вели во соопштението до медиуми, насилство нема да толерира.

„Да се бара одговорност од раководството и одржување на Вонреден Конгрес е демократски чин. Да се испраќаат разни ликови пред нечиј дом, да се пишуваат вулгарни зборови со говор на омраза, обвинувања без основа, лични навреди, на социјалните мрежи е кукавички и нечовечeн чин“, пишува Дамчевска, која беше парламентарец од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во предхониот состав.

За Телма од МВР велат дека двајца заканувачи се во полициска станица на разговор откако по пријавата биле повикани во полиција. Од МВР велат дека работата на целосно расчистување на случајот.

Дамчевска заедно со дел од членството на ВМРО – ДПМНЕ бара оставка од лидерот Христијан Мицковски по изборниот пораз и неисполнување на ветувањето за да состави влада.

„На Македонија и треба здрава опозиција која демократски комуницира и ги решава отворените прашања. Насилството мора да остане во минатото бидејќи ВМРО-ДПМНЕ може да оди напред само со отворена дебата и соочување на фактите“, пишува Дамчевска – Илиевска во соопштението.

Иако поминаа веќе две недели откако Иницијативниот одбор бара свикување вонреден конгрес на ВМРО – ДПМНЕ, лидерот Мицковски се уште ништо не одговорил.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе