Македонија Топ вести

Се продлабочуваат поделбите во ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативниот одбор за вонреден конгрес во ВМРО ДПМНЕ се официјализираше и на социјалните мрежи.

Отвориле канал на ју тјуб на кој осамна првото видео. Во него членови и активисти од општинскиот комитет во Аеродром му испраќаат порака на Мицкоски дека единствен начин да се спаси партијата која е тргната во амбис е одржување на вонреден конгрес.

-Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема.Партијата  е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост, помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството. Ова се само дел од причините поради кои решивме јавно да проговориме и да се обидеме нашиот глас да стигне до раководството на партијата, вели Јоаким Димулков од ОК Аеродром.

И  додека во јавноста не се слушаат многу звуци во битката за тронот во белата палата, лобирањето и пребројувањето се води низ комитетите.

Од Општинскиот комитет во Аеродром се оградија од оваа изјава за која велат била тајно снимена вчера пред просториите на ОК.

Помина времето кога поединци печалеа на грбот на партијата. Со хотелски коалиции власт не се добива , напиша на ФБ претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Аеродром

 “Тоа не е став на општинскиот комитет и не преставува волја на мнозинството на членови. Очигледно потребата јавно да се препукуваме преку медиуми, а суштински до партијата да нема доставено никаква иницијатива за конгрес ја открива намерата дека целта на овие луѓе е слабеење на ВМРО-ДПМНЕ, поделби и внатрешни кавги, а сето ова оди во полза на СДСМ” и Зоран Заев” – вели претседателот на ОК Аеродром, Дејан Митески.

Иако од неодамна е активен на фејсбук и од таму му пишува на лидерот на ВМРО ДПМНЕ,  екс шефот на тајната полиција Сашо Мијаков за препукувањата со Мицковски не сака да одговара на новинарските прашања со образложение дека е дојден за друго во судот.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа иницијативата за вонреден конгрес да ја достават  во партијата за  да биде разгледана од Централниот комитет, но незадоволните велат дека сите членови на Извршниот комитет и на голем дел на членовите на Централниот комитет мандатот им е истечен па се надеваат дека ќе го убедат Мицкоски  да  свика вонреден конгрес.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе