Избори 2020 Македонија Топ вести

Иницијаторите за смена на Мицковски го повикаа уште утре да свика вореден конгрес

Мицковски не треба да биде привилегиран пред Георгиевски и Груевски кои при првиот свој пораз си поднесоа оставки, му порачаа на лидерот на вмро дпмне, од иницијативниот одброр, кој бара вонреден конгрес и негова смена.  Од партијата одговорија дека не исполнуваат неостварени дестски соништа.

За да се избегнат понатамошни поделби во партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уште утре да свика вонреден конгрес, му порачаа на Мицкоски, сопартијците кои бараат негова смена. Од пред музејот на ВМРО, поранешниот градоначалник на Дојран, Борче Стамов, го потсети партискиот лидер дека не само во западните демкоратии, туку и во матичната партија има пракса – тој што ќе изгуби избори да си поднесе оставка.

Претходните претседатели Георгиевски и Груевски, кои што ја раководеа партија по повеќе од 10 години двајцата, и ја водеа низ повеќе победи и успеси, при првиот свој пораз го запазија овој стандард. Актуелниот претседател не донесе ниту една победа или успех, и нема никаква рационална причина тој да биде привилегиран пред Георгиевски и Груевски – Борче Стамов, Иницијативен одбор за свикување на вонреден партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски до сега не им одговори на внатрепартиските противници. Од партијата денеска им одговорија на иницијаторите дека ако испратат официјално барање  до партијата, ќе биде разгледано во партиските органи

-Ние не исполнуваме нечии желби и не сме тука за да задоволуваме нечии детски сништа и апетити кои што не им биле задоволени во изминатиот период. Ќе повторам и ќе потенцирам во нашата партија партиски органи кои што одлучуваат за секакви процеси во иднина – Орце Ѓорѓиевски, ВМРО- ДПМНЕ

Но незадоволните од актуелното раководство, порачуваат  дека партиските тела не можат да носат легитимни одлуки затоа што мандатот на сите членови на Извршниот комитет бил истечен но и на најголем дел од членовите на Централниот комитет. Вонреден конгрес може да свикаат и делегатите но очекуваат  претседатлеот Мицкоски да покаже демократски капацитет

Дали меѓу иницијаторите има и актуелни пратеници Стамов не откри, вели секојдневно добиваат се поголема поддршка од делегатите на конгресот и други партиски членови но потврди дека еден од нив е и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Минатата недела на собирот пред партиската бела палата Замини си на Мицкоски му порачаа поранешни функционери, актуелни делегати но и сегашниот градоначалник на Илинден, Жика Стојановски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден помина, дел од вработените во јавниот сектор и натаму без плата за март, не се знае ниту кога ќе ја добијат

Дејан Дејан

Синдикатот на култура на протести пред Министерството откако останаа без плати за Велигден

Дејан Дејан

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе