Избори 2020 Македонија Најважни

Заев ќе биде премиер 4 години минус 100 дена

Пет дена по добивањето на мандатот за составување Влада, Зоран Заев објави дека има поддршка од 62-ца пратеници. Повеќедневните преговори со ДУИ попладнево резултираа со договор за продолжување на Владината коалиција.

Четири години со неа ќе раководи Заев, благодарение на, како што рече,  доблеста, храброста и мудроста на Али Ахмети. Заев возвратил со доблест, па последните 100 дена ќе ги отстапи на премиер од ДУИ, кој нема да се нарекува технички, бидејќи пржинската Влада ќе се укине.

По средбата со Заев, Ахмети изрази уверување дека е договорена солидна Влада која ќе овозможи брзо ставање во функција на сите институции.

Лидерите договориле Талат Џафери да остане претседател на Собранието. Ги договориле и министерските места, но ќе ги соопштат утре, откако ќе добијат виза од партиските тела. Заев најави дека нема да има министри без ресор освен вицепремиери и дека ќе дојдат квалитетни и отчетни кадри. Програмата на Владата вклучува справување со здравствените и економските предизвици, како и други теми преземени од партиските програми.

До крајот на неделата, се очекува мандатарот да ги достави до Собранието составот и програмата на новата Влада. Седницата за нејзин избор ќе ја закаже старо-новиот спикер Џафери, од кого се очекува до крајот на неделата да го закаже продолжението на конститутивната седница.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе