Белоруската војска започна со воени вежби кои ќе траат до четврток во близина на границата со Литванија, земја членка на НАТО. Литванските одбранбени власти добиле предупредување дека Русија можеби планира да ја искористи ситуацијата и да ја преземе Белорусија, објавува агенцијата Асошиејтет прес. Ова следи откако белорускиот претседастел Александар Лукашенко се слушна преку телефон со рускиот претседател Владимир Путин во обид да добие поддршка за решавање на ситуацијата во земјата. Белоруски челник тврди дека НАТО државите ги засилуваат воените сили на границата со Белорусија – тврдење кое алијансата го одрече. Ракетниот пункт ги прави своите последни проверки.
- Ова оружје ги запира сигналните навигации и сигналите на управување на мултукоптерот и во состојба е да го неутрализира и да го приземји, вели Павел Лијанчик, инженер на ракетен пункт.
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го извести белорускиот претседател Александар Лукашенко за неговите разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон за ситуацијата во Белорусија. Тоа е трет телефонски разговор Путин – Лукашенко за девет дена односно по претседателските избори во Белорусија.
Од 9 август, кога се одржаа претседателските избори, на кои Лукашенко се прогласи за победник секојдневно се одржуваат протести. Стотина демонстранти се ранети, а двајца загинаа во сударите со полицијата. Иладници се уапсени, оние кои излегоа од затвор ја покажаа полициската тортура на која биле изложени. Од денеска редовите на демонстрантите се уште погусти ним им се придружија и работниците.
- Општо, рудар се симнува во рудникот и не работи, како и другите на земја. Некои треба да одат на работа, сите, пет рудари дојдоа овде, рече Илија Силченко, демонстрант.
- Како и во другите градови на републиката, безредие е и овде, започнаа и злосторства. ПОгледете ги ве молам последиците од тој неред, нашите храбри полицајци. ПОгледнете што им правеле на луѓето. Тоа е сосема неверојатно и неподносливо. Ги направиле нивните сонародници месо за колење – Дмитриј Кудилевич, член на координативен совет.
Демонстрантите попладнево се собраа пред затворот каде го одбележаа роденденот на нивниот лидер Сергеј Тихановски, кој наполни 42 години, а затворен беше во очи изборите. По што се кандидираше неговата сопруга Светлана, која подоцна побегна во Литванија. Од нејзината партија одбиваат пребројување на гласовите и бараат нови избори, се надеваат дека наскоро Светлана Тихановскаја ќе се врати во земјата.
Изјавата на претседателот дека баравме да ги пребројат гласовите, тоа не го баравме. Сосема ни е јасно дека дел од гласачките ливчиња се уништени и повторното броење на гласови физички е невозможно, затоа инсистираме на програмата на Светлана Тихановскаја и инсистираме на нови фер избори. Светлана Тихановскаја не сакаше да ја напушти Белорусија. Се надевм, сигурна сум дека наскоро ќе се врати во Белорусија и дека сега нема закани – Марија Колескова, лидер на кампањата на Светлана Тихановскаја.
Белорусија е соочена со најголемите протести од отцепувањето од Советскиот сојуз во 1994 година. Илјадници луѓе се на улиците иако државните медиуми во своите извечтаи постојано го минимизираат нивниот број.
Билјана Ставрова