Свет

Румен Радев: Разговор за Уставот по оставки и предвремени избори

Разговор за Уставот и иднината на Бугарија е можен само по оставките што ги бара општеството и одржувањето фер предвремени избори, нагласи претседателот на Бугарија, Румен Радев во телевизиско обраќање.

Тоа беше одговор на утринската изјава на премиерот Бојко Борисов, кој рече дека ќе се повлече од функцијата ако се свика Големото национално собрание да гласа за измени на Уставот.

– Протестите со кои се бара оставка од кабинетот и главниот обвинител продолжуваат повеќе од еден месец. Довербата во владејачкото мнозинство е неповратно изгубена, рече Румен Радев.

– Самиот чин на премиерот да предлага измени во Уставот покажува непочитување кон институциите. Правото да се свика Големото национално собрание им припаѓа на не помалку од половина од пратениците и претседателот, потенцира бугарскиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе