Култура

„Охридско лето“ со скратена програма

Фестивалот Охридско лето започнал на 4 август, 1961 година, со настап на примадоната Ана Липша Тофовиќ, во црквата Света Софија. Во нејзина чест,  на денот на роденденот , отворањето на 60 издание , ќе биде со солистички настапи во пијано придружба, на уметници од Италија, Србија и Црна Гора. Ќе бидат применети меѓународни протоколи за заштита од Ковид- 19, со присустно на 400 од можните 1700 посетители, колку што собира Античкиот театар. Мерење темпратура, носење заштитни маски, седење на растојание и преку еден ред, влегување и излегување преку коридори, се заштитните мерки за публиката. А, протоколи се предвидени и за уметниците и за организаторите на фестивалот.

Горда сум што „ Охридско лето“, уште еднаш покажа дека и денес има тим кој може да се справи со сите предизвици. Тим за кого е најважна успешната реализација на програмата и задоволната публика. Само така се гради брендот на една врвна институција, како што е „ Охридско лето“, изјави директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Богатата музичка програма, со странски и домашни музичари, вклучува концерт на наши истакнати инструменталисти со гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски и настапи на Келтскиот гудачки секстет од Германија, Саксофон квартетот Фукио од Шпанија, мецосопранот Викена Каменица од Албанија, „ Готските гласови“ од Велика Британија и гитаристот Петрит Чеку од Косово, со хрватска адреса. За сега, никој од странство не го откажа настапот поради пандемијата, потенцира селекторката на музичката програма.

За сега се е во ред. Меѓутоа , затоа и реков, се надевам дека до крајот на фестивалското издание, да се надеваме , заради овој вирус нема програмата да трпи никакви промени, вели селекторката на музичката програма Даница Стојанова.

Драмската програма, селектирана од Александар Поповски, се менувала поради сутуацијата со Ковид- 19. Планираните странски гости отпаднале, а изборот е фокусиран на изведби од 5 домашни театри и премиера на претставата „ Полковникот птица“ , во продукција на театарот од Гостивар. Покрај Антички театар, фестивалските содржини ќе се изведуваат и на сцените на Долни Сарај и во предворјата на црквите Света Софија и Света Богородица Перивлепта, со пополнување 50% од капацитетот. За 6 децениското постоење на „ Охридско лето“, ќе биде промовирана монографија од Снежана Анастасова Чадиковска и Роза Нолчева.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе