Избори 2020 Македонија Топ вести

Марш за демократија со странски симболи и химна

Неколку стотини приврзаници на Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва маршираа низ Скопје против изборните нерегуларности. Тргнаа од паркот во Чаир, поминаа покрај владата и затанаа пред седиштето на Европската унија, од каде упатија порака дека држава што претендира да стане членка на ЕУ, не треба да има вакви избори.

Претседателот на Алијанса пред присутните рече дека, е важна слободната волја на граѓаните, изразена преку гласање.

Во декларацијата што ќе биде доставена до европските институции, се бара од Европската унија да се ​​осуди злоупотребата на правото на глас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Македонија.Со помош на ЕУ, да почне процес на радикална реформа на Изборниот законик, така што идните избори да станат пример дека нашата земја ги исполнува европските стандарди за фер и демократски избори.

Овие партии денеска го отфрлија предлогот на Али Ахмети, или „албанската платформа“ за преговори со партиите на Албанците. Доставена преку пет столба, на иста начин е и одбиена, со потенцирање дека ДУИ е разединувачки, а не обединувачки фактор, дека се фаќа за рака со Лубе Бошковски за да добие глас повеќе, дека крадат гласови и ги лажат Албанците.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Xaнџиски: Пливањето влегува во најважните процедури на процесот на рехабилитација

Дејан Дејан

Базенот во спортскиот центар Борис Трајковски е се уште во процес на реконструкција

Дејан Дејан

Авионско прскање против комарци утре во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе