Вести Економија

Сушата си го зеде данокот на пченицата

Заврши жетвата на пченицата и јачменот во штипскиот и овчеполски регион, сега се жнее во Пелагониско. Производителите на лебното зрно и на сточната храна во источниот регион годинава се незадоволни од приносите. Сушата си го зеде данокот во овчеполскиот и штипски регион.

Цената на лебното зрно е околу 10 денари, а производителите го имаат предадено на мелничарите. Додека пак поголем дел од јачменот во вреќи стои во амбарите, производителите ќе чекаат да го продадат наесен. Гоце Серафимов кој има околу 60 хекатри под житни култури вели дека причината што  го чуваат јачменот е и намалувањето на сточниот фонд.

Претседателот на Асоцијацијата на земјодеелци, Ефтим Шаклев вели дека цената на пченицата е на ниво на ланската, а ја одредува пазарот.

Меѓудругото цената на пченицата зависи и од реколтата во Србија. Најавите се дека таму годинава ќе има добар род, а имаат и залихи од лани. Нашите мелничари имаат проблем затоа што на пазарот се наоѓа многу поефтино српско брашно, отколку што чини брашаното произведено од македонска пченица, вели Ефтим Шаклев  од Асоцијацијата на земјоделци.

На македонските ници се произведува приближно 240 илјади тони пченица, што не е доволно да се задоволат потребите на домашниот пазар.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе