Граѓаните кои изгубиле работа или им се намалени платите на минималец од 14.500 денари поради корона кризата, нема да бидат извршувани – смирува претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов. А тука влегуваат и социјалците и други приходи на граѓаните кои се законски изземени од извршување. Ивршителите по четиримесечна пауза почнаа со работа. Од денеска продолжи извршувањето од сметките на сите граѓани и фими кои беа блокирани пред 1 април. Но и на околу 33.000 нови предмети кои стигнале кај извршителите од почетокот на годинава.
Грѓаните кои примаат минимален личен доход до 14.500 денари, се заштитени од извршување и сите оние граѓани кои примале порано повисок личен доход, а сега имаат 14.500 денари личен доход и тие ќе бидат. Меѓутоа оние граѓани што примаат до просечен личен доход ќе се извршува врз нив со една петтина, изјави Димов.
Од Министерството за правда кажаа дека нема можност за уште едно одложување на извршувањето, бидејќи повеќе не сме во вонредна состојба. А иако имаа законска можност, ниту банките, ниту компаниите кои нудат комунални услуги за граѓаните, како БЕГ, ЕВН, Водовод не побарале од извршителите одложувања на извршувањата.
Граѓанските здруженија се категорични Владата мора да го стопира извршувањето додека трае економската криза.
Сметам дека владата треба да направи една нова акција со која што ќе им помогне на граѓаните. Економската криза тек почнува. И оваа криза ако се искомбинира со нови акции на извршителите, тогаш ќе биде многу тешко за граѓаните, изјави Ненов.
Од пандемијата со корона вирусот пак околу 19.000 лица останаа без работа, а 20.000 работници за најкритичниот месец- април не зеле плата. Дел од компаниитепак поради намалените приходи, ги намалија платите на работниците. Извршителите немаат податок колку сметки се блокирани во моментов. Но податоците на Народната банка покажуваат дека заклучно со март под блокада биле над 106.000 сметки, од кои 26.000 на компании и 80.000 на граѓани.
Александра Филиповска