Македонија Најважни

Илче живеел во нехумани услови на само 200-те метри од Центарот за социјални работи во Охрид

Старата инвалидска количка  пред куќата на улицата „Питу Гули“ во Охрид, сведочи за тажната судбина на 11 годишиот Илче, болен од церебрална парализа, кој за само еден месец го напуштија двајцата  родители. Руиниранирани соби, нехигиена, неподнослива мирзба и нечовечки услови, вака изгледа домот на детето  кое заедно со неговата мајка, како лица со попреченост, биле препуштени сами на себе. Само првите соседи, кои живеат на катот веднаш под нив, подавале рака за помош. Раскажуваат дека мајката од 19 јуни до вчера не се вратила дома, а  таткото заминал пред еден месец, но , тврдат Илче не останал без грижа ниту еден ден.

Детето го гледавме јас и мојата сопруга, го хранвеме, организирав жена да дојде од село Велгошти и платив да го искапе детето, рече Никола Блажевски

Соседот    ја пронашол мајката во едно охридско село и ја вратил дома. Таа со нивна помош денес го  расчистуваше домот и  рече дека е среќна што Илче ќе биде згрижен. И пред родителите да го напуштат  дететот,  соседите  барале помош од Центарот  за социјални работи во Охрид, а и откако исчезнале и мајката и таткото, пријавиле во полиција.

-Претходно лично јас и мојата сопруга одевме во Ценетарот за социјална работа да ги замолиме да преземат нешто за детенцево, да не ни умри во куќата. Ни велеа дека преземаат мерки, немало место, немало куќи. Пријавивме и во полиција, рече Блаевски

Немало рекација од институциит , се до завчера кога на иницијатива на министерот за зравство Венко Филипче, Илче беше  сместен  во Детската клиника во Скопје, а потоа ќе биде згрижен во мал групен дом во Демир Капија.

Од домот на Илче до Центарот за социјални работи има само 200 метри, но патот на момчето до институционално решение е многу долг.

Дали потфрлија институциите, дали Центарот за социјални навреме регаирал или не, не добивме одгвор затоа што директорката  денеска немаше време за екипата на Телма

-Зафатена е директорката. Така ми рече, изјави вработен од Центарот за социјални работи.

Од Министерството за труд и социјална политика вчера информираа  дека  се врши надзор во работатат на Центарот за социјални работи во Охрид, што треба да покажае дали службите регаирале навреме во случајот на 11 годишно момче болно од церебрална парализа.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Дејан Дејан

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе