Штип ја бележи 11 жртва, штипјанец на возраст од околу 55 години почина во Градската болница 8 ми септември, претходно имал и други здравствени проблеми. Центарот на истокот и денеска е со двоцифрена бројка во здравствениот билтен, пет нови случаи се од приватниот скрининг на штипската конфекција, додека за останатите епидемиолзите се уште ги прават анкетите за да утврдат како се заразиле или се контакти од веќе постојните бројни калстери.
Додека епидемиолзите секојдневно тестираат на другата страна од градот болницата почнува со подготовки за проширување на капцитетите. На овој празен простор над детското одделение ќе биде поставена мотнажната болница за 50 пациенти. Нема да имаат голем трошок, а во функција ќе се стави од септември.
Во моментов 54 пациенти се хоспитализирани на инфективниот оддел, најмладиот пациент има 24, а највозрасниот над 80 и доаѓа од радовишкиот Дом за стари лица. Доколку деновиве се исполни капацитететот од 60 пациенти на штипско инфективно, тогаш позитивните ќе се згрижуваат во други болници.
Пациентите од истокот кои не се со Ковид 19, а им е потребна лекарска помош од инфектолог се хоспитализраа на Кожното одделение. Во меѓувреме неколку штипски конфекции најавуваатз затварање на своите погони, епидемиолозите доставиле предлог до Комисијата за заразни болести радовишкиот Дом за стари лица да биде ставен под карантин. Досега позитивни на вирусот се седум станари и тројца вработени.
Викторија Јованова