Вести Македонија

500 експонати, стари и по неколку века, во сопственост на семејството Јанакиевски од Тетовско

Колекција од околу 500 експонати, стари и по неколку века, оставнина од нивните предци, поседува семејството Јанакиевски од тетовска Волковија.

Во неа има разни документи, оружје, накит, носии и други предмети од различни временски периоди. Најстарите потекнуваат од Отоманскиот период.

Предметите ги пронашле пред неколку години, во семејниот ковчег, па оттогаш Методија Јанакиевски, започнал со собирање на сите скапоцености кои потекнуваат од неговото семејство.

Јанакиевски започнал и со дополнително истражување на историјата на неговите предци, во чие семејно стебло имало голем број свештени лица, за нивните животни патишта и битисување во родниот крај.

Во иднина, Методија сака да создаде и еден личен свој музеј преку кој ќе го презентира традиционалното историско и семејно богатство и неговата автентичност.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе