Среда 22 јули – тогаш е закажана јавната распрва за дупот Мал Ринг.
Ваквата информација од општина Центар ја објавија на нивната веб – страница пред 20 дена.
Во него стојат Шпанските скали, меморијалниот центар Мајка Тереза, целиот барок и споменици од Скопје 2014 , катна гаража меѓу дрвјата и зеленилото кај дом на АРМ.
Некои од овие објекти го сменија ликот на строгиот центар – како што се спомениците низ плоштад , а тежи 684 милиони евра.
За други пак како што е спомен обележјето на Мајка Тереза , јавноста во 2013 виде само сечење ленти и една симболично поставена плоча од милијардерот Субрата Рој.
Седум години подоцна , таков објект нема, ама се уште стои во скицата на овој детален урбанистички план. Веста дека предлог ДУП – от се става на јавна анкета , наиде на реакции од активисти и невладини организации . Советничката во општината, Јана Белчева , напиша допис со кој бара повлекување на планот за Мал Ринг.
И иницијативата 02 со став дека јавната расправа за Мал ринг може да почека.
„Се повторува праксата клучни Детални Урбанистички планови како ДУП Мал Ринг да се протнуваат во летен период, во услови на пандемија која секојдневно зема жртви. Кога фокусот е сосема на друга страна, велат од О2.
Телма побара став и од првиот човек на општината, Саша Богдановиќ кој вели дека јавната анкета ќе трае 30 дена и ваквиот ДУП не значи и конечно решение за тоа како ќе изледа „Мал ринг“ во Центар
За контроверзните шпански скали за кои неодамна почна и судењето а обвинети се 11 лица за злоупотреба на службена должност, Богдановиќ вели дека инвеститорите имаат договор кој не може преку ноќ да биде поништен.
Инаку „Мал ринг“ во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога градоначалник на Центар беше Владимир Тодоровиќ претрпе најмногу измени за цел лик на центарот на градот во барок.
А оваа градска четврт во голем дел реализирана и остануваат мал број градежни парцели за реализација , т.е може да се менуваат само 18 од 167 парцели.
Теодора Цветковска