Избори 2020 Македонија Топ вести

Нови 8 заболени во “Мода” во Свети Николе, вкупно 53 досега

Осум новозаразени во светниколска Мода, покажаа резултатите, кои се пристигнати до утринава, со што скринигот кој си го направи оваа компанија покажа дека вкупниот број на заразени до сега изнесува 53 работници.

Директорот на Мода, Ангел Димитров, за Телма вели дека тестирани се вкупно 620 вработени, додека 200 уште од почетокот се изoлирани со користење на владините мерки за чување на деца до 10 години или по основ на хронични заболувања.

Во Свети Николе изминатите петнаесет дена три компании ставија клуч на врата, штетите дополнително ќе ги утврдуваат, но се надеваат дека странските партнери нема да им испорачаат казнени пенали. Светиниколчани се загрижени од актуелната состојба во нивниот град.

Но, епидемиолозите и локалната власт сметаат дека следува период на затишје, очекуваат наредната недела  да се намалуваат бројките на заразени, кои пред се се од кластерот на двете конфекции, како и членови на нивни семејства.

Во центарот на Овче Поле колку се активни случаи, толкав број е и во изолација. 80 отсто од позитивните на Ковид19 се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани на инфективните оодделенија во Штип и Велес.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден помина, дел од вработените во јавниот сектор и натаму без плата за март, не се знае ниту кога ќе ја добијат

Дејан Дејан

Синдикатот на култура на протести пред Министерството откако останаа без плати за Велигден

Дејан Дејан

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе